Регистрирање на акциите на Ваше име: упатства од адвокати
Постапката на регистрација зависи од тоа дали ќе бидете лично присутни.
Доколку сте лично присутни.
• Кога ќе заврши реорганизацијата на компанијата „Совелмаш“, ќе Ви испратиме имејл со известување и со информации за регистраторот преку кој ќе Ви бидат префрлени акциите. Изберете ја локацијата на регистраторот која Ви одговара.
• Во одговорот на овој имејл, напишете дека сакате лично да појдете кај регистраторот, и наведете кое време Ви одговара. Ќе Ви го потврдиме времето на средбата, и ќе Ве известиме кои документи треба да ги подготвите.
• Странските државјани треба да ги преведат сите документи на руски јазик и да ги заверат кај нотар во Русија.
• Во договореното време, ќе се состанете со претставник на компанијата „Совелмаш“ кај регистраторот и ќе ги предадете Вашите документи. Ќе биде отворена Ваша лична сметка, на која во рок од 3 дена ќе Ви бидат припишани акциите.
Ако сте граѓанин на Руската Федерација, но не можете да дојдете лично.
• И Вам ќе Ви испратиме имејл со информации за регистраторот. Едноставно информирајте нѐ во Вашиот одговор дека не можете лично да дојдете.
• Ќе Ви испратиме полномоштво со кое ѝ давате овластување на компанијата SOLARGROUP да работи со хартии од вредност, како и список на документи чии копии треба да ги испратите.
• Пополнете го полномоштвото, заверете го кај нотар пред да го потпишете, и заверете ги копиите од Вашите документи и картонот за депонирани потписи.
• Кога ќе ги заверите сите документи кај нотар, испратете ги на наведената адреса.
• Во рок од три дена по добивањето на документите, акциите ќе бидат доделени на Вашата лична сметка, а податоците за најава на Вашата лична сметка на веб-страницата на регистраторот ќе ги добиете преку имејл.
Во сите фази од регистрацијата на акциите, стручњаците на SOLARGROUP ќе Ви ја пружат сета неопходна помош.
Може да поднесете барање за добивање акции и да го изберете начинот за управување со нив овде.