Претставништва на SOLARGROUP низ целиот свет

Претставништва на SOLARGROUP низ целиот свет

Дин Њуен Ван, еден од водечките партнери на SOLARGROUP во Виетнам, во една прилика изјави: „Уверен сум дека за 5 години во Виетнам ќе има повеќе од 50 канцеларии на SOLARGROUP. Впрочем, ова е пазар број еден за партнерски бизнис во светот!“

И ние сме уверени дека развојот на проектот ќе доведе до отворање на многу претставништва на компанијата во разни земји. Првото странско претставништво на компанијата беше отворено во Виетнам. Сега во оваа земја има 2 претставништва на SOLARGROUP — во Ханој и во Винфук.

И во Брегот на Слоновата Коска работат 2 канцеларии. Моментално SOLARGROUP има отворено вкупно 9 претставништва во светот, кои активно ги извршуваат своите функции: во Виетнам, Брегот на Слоновата Коска, Бенин, Нигерија, Казахстан, Северна Македонија и во Перу.

Значи, кои функции ги вршат странските претставништва на компанијата? И од каква важност се тие за развојот на проектот?

Пред сè, отворањето на претставништва во различни региони придонесува да се зајакне меѓународниот статус на проектот. Во земјите каде што беа отворени вакви канцеларии, порасна интересот за проектот и значително се зголеми бројот на инвеститори и партнери. Настаните поврзани со отворањето обично привлекуваат многу внимание и даваат голем поттик за понатамошен развој. На пример, на отворањето на претставништвото во Брегот на Слоновата Коска присуствуваше снимателска екипа на ТВ-каналот Business 24.

Во канцеларијата, секое заинтересирано лице може:

• да добие информации за проектот со директна комуникација;
• да види како работат моторите засновани на „Славјанка“;
• да добие совети за проектот и за активностите на SOLARGROUP;
• да ги разгледа документите поврзани со проектот — резултатите од тестирањата на технологијата, патентите на компаниите „ASiPP“ и „Совелмаш“;
• да разговара со колегите и со други истомисленици, и да размени со нив искуства и планови за иднината;
• да добие одговор на своите прашања.

Освен тоа, во канцелариите редовно се одржуваат презентации на проектот и други офлајн настани. На пример, во нашата канцеларија во Бенин се одржуваат презентации секоја седмица. Освен тоа, во канцелариите се спроведува и обука за партнерите — на овие настани присуствуваат дури и лица од соседните земји. На тој начин, претставништвата помагаат да се формираат јаки тимови од активни партнери кои се заинтересирани за успехот на проектот.

Во канцелариите на SOLARGROUP доаѓаат не само инвеститори и партнери во проектот, туку и претставници на разни бизниси, па дури и владини службеници. Сите кои се заинтересирани за технологијата „Славјанка“ имаат можност да го разгледаат штандот на кој се изложени мотори на Дујунов, да ги „допрат“ иновациите и подобро да се запознаат со проектната документација. За гостите е многу важно да ги видат во живо електромоторите засновани на „Славјанка“.

Ако живеете во град каде што компанијата има отворено претставништво, а сè уште не сте го посетиле, Ве покануваме да го сторите тоа! Препорачајте им и на Вашите партнери, пријатели и сите што се заинтересирани за проектот „Моторите на Дујунов“ и за компанијата SOLARGROUP да го посетат и да добијат детални информации за проектот и за можностите кои тој им ги нуди.

Адресите, работното време и контакт информации за канцелариите на SOLARGROUP можат да се најдат во делот „База на знаење“.

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ