Ажуриран маркетинг план за да ги зголемите Вашите приходи!
Го ажуриравме делот „Маркетинг план“ во бек-офисот. Сега можете уште полесно да ги планирате Вашите приходи и потребните активности.
Кои промени беа направени:
• Лесно може да го следите својот напредок! Веднаш го гледате Вашиот моментален статус, нивото на приходи, како и потребните услови за да ги стекнете. Овде исто така е прикажан Вашиот напредок: кој е следниот статус и кои услови треба да ги исполните за да го стекнете. Може да кликнете на секој следен статус и да ги погледнете условите.
• Едноставна анализа на Вашето работење! Веднаш може да ги видите главните информации за тоа што сте го постигнале во тековниот месец: износот на надоместокот за препорака, износот на продажби вклучувајќи ги и отплаќањата на рати, новите трансакции. Овде може да видите и предвидување на Вашите приходи.
• Лесно можете да учествувате во промоции! Веднаш може да ја видите тековната промотивна понуда (сега тоа е „Трката на партнери“) и Вашиот напредок во неа доколку веќе сте се вклучиле. И, се разбира, брзо може да дознаете кои се поволностите на промоцијата и да се придружите во неа!
Уживајте и истражете ги Вашите можности. Сега сите најважни работи се на едно место за да Ви биде полесно брзо да напредувате!