Ажуриран е делот „Линкови за препорака“ во бек-офисот
Ажуриран е делот „Линкови за препорака“ за партнерите на SOLARGROUP. Неговиот интерфејс сега е усогласен со општиот стил на бек-офисот.
Освен тоа, воведена е нова опција: сега за сите линкови за препорака автоматски се генерерира QR код, кој може да се споделува.
Да напоменеме дека линковите за препорака се една од Вашите главни алатки во партнерскиот бизнис. Преку нив можете да внесете нови клиенти во првото ниво од Вашата партнерска структура и да заработувате од сите нивни инвестиции. Освен тоа, со помош на линковите можете да ја следите статистиката на Вашите активности: бројот на кликнувања, регистрации, инвестициите на оние што сте ги поканиле, итн.
Вашите линкови за препорака се достапни во бек-офисот, во делот „За партнери“ — „Алатки“. Може да споделите готов линк со кој и да било од главните интернет-ресурси на проектот или да креирате нов уникатен линк.
Подетални информации за тоа како да работите со линковите за препорака може да најдете во делот „База на знаење“.
Разгледајте ги веднаш ажурирањата во делот „Линкови за препорака“, користете ги и кажете ни што мислите за нив. Се трудиме постојано да го подобруваме бек-офисот за да Ви биде попрактичен и полесен за користење.