Ново ниво во развојот на проектот во Латинска Америка: што покажа конференцијата на SOLARGROUP во Перу

Ново ниво во развојот на проектот во Латинска Америка: што покажа конференцијата на SOLARGROUP во Перу

На 27 мај беше одржана конференција во Лима за учесниците во проектот „Моторите на Дујунов“. Ова беше најголемиот настан одржан од SOLARGROUP во Латинска Америка. Се собраа повеќе од 200 гости: најактивните инвеститори и партнери, почетници, деловни претставници на Перу и гости од Еквадор.

Додека на првата конференција во Перу во 2021 год. главно зборувавме за плановите, овој пат зборувавме за нашите достигнувања.

На присутните им се обратија главните раководители на SOLARGROUP, Павел Шадскиј и Павел Филипов. Тие зборуваа за напредокот на изградбата на инженерскиот центар „Совелмаш“ и изнесоа новости за проектот, објавија бројки поврзани со финансирањето и дискутираа за плановите за развој на компаниите.

Презентацијата на Андреј Лобов, кој е директор на производственото претпријатие „Ресурс“, предизвика општ интерес. Тој ги претстави електромоторите со комбинирани намотки „Славјанка“, вклучувајќи и мотор за чамец. Исто така, објасни каде можат да се применат и како може да се заработи од тоа.

Виктор Арестов, раководителот на компанијата ASPP Weihai, им се обрати на учесниците на конференцијата преку видеолинк, и раскажа како технологијата напредува во Азија, во кои земји сега е барана и какви перспективи нуди азискиот пазар за „Совелмаш“.

На присутните им се обратија и Масимилијано Вивиан Росини, националниот партнер на SOLARGROUP во Перу и во Еквадор, како и водечките партнери во Перу. Тие зборуваа за тоа како го развиваат проектот во својата земја.

Учесниците на конференцијата први дознаа за специјалните понуди за инвеститорите од Перу, добија одговор на своите прашања од говорниците и можеа меѓусебно да комуницираат. Мнозина прашуваа кога технологијата ќе биде достапна во нивната земја, и како може да се покрене сериско производство на електормоторите засновани на „Славјанка“.

Павел Филипов изјави: „Конференцијата покажа дека интересот за проектот во Перу е многу поголем и од поинаков карактер. Имаше многу луѓе, меѓу кои и бизнисмени кои се заинтересирани не само за инвестирање туку и за развој на технологијата. Луѓето ја разбираат суштината на овој бизнис, и имаат желба и спремност да го развијат овде“.

Можете да ги видите најважните моменти од настанот во видео и фоторепортажата која е достапна на следниов линк.

Дали не бевте во можност лично да присуствувате на конференцијата во Перу? Тогаш можевте да ни се придружите во Еквадор. Таму конференцијата се одржа на 3 јуни.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ