Нова опција во бек-офисот: конвертор на средства од главната сметка во удели
Дали имате средства на Вашата главна сметка во бек-офисот кои Ви останале откако сте ги отплатиле сите рати, но не се доволни за купување нов пакет? Сега може да ги претворите во инвестициски удели, и на тој начин да го поддржите проектот.
Цената на уделите при конверзијата зависи од тековната фаза на финансирање.
Како може да претворите пари во удели?
• Отворете ја Главната страница во бек-офисот преку линкот.
• Во делот во кој е прикажан билансот на главната сметка, притиснете го копчето со две стрелки. Ќе се отвори прозорец за конверзија на средствата.
• Внесете го износот што сакате да го претворите во удели. Минималниот износ е 0,01 $. Или притиснете на „Сè“ за конверзија на сите средства. Подолу ќе биде прикажан бројот на удели што го добивате за тие пари.
• Штиклирајте го квадратчето покрај потврдата дека ги прифаќате условите за претворање на средствата во удели.
• Кликнете на „Претвори во удели“. Готово!
Ве молиме имајте на ум дека не е можно претворање на уделите во пари.
Износот кој е претворен во удели се смета за купување, и затоа партнерите добиваат од него надоместок за препорака во склад со маркетинг планот.
Искористете ја новата опција во бек-офисот за да го зголемите бројот на Вашите удели во проектот и да ја поддржите изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“.