Меѓународни размери и африканска атмосфера: конференција на SOLARGROUP во Брегот на Слоновата Коска

Меѓународни размери и африканска атмосфера: конференција на SOLARGROUP во Брегот на Слоновата Коска

Никогаш досега компанијата SOLARGROUP не одржала во Африка конференција со толкав голем број учесници. На 4 март, повеќе од 400 гости пристигнаа во Абиџан не само од Брегот на Слоновата Коска, туку и од Камерун, Бенин, Сенегал, Буркина Фасо, Либан, Велика Британија, Канада. Еден од учесниците патувал 4.000 километри со автобус за да може лично да разговара со Андреј Лобов.

Делегацијата од Русија ја застапуваа главните раководители на SOLARGROUP, Павел Филипов и Павел Шадскиј, како и директорот на производствената компанија „Ресурс“, Андреј Лобов. Сите тие беа говорници на конференцијата, заедно со Жил Вебер, кој е национален партнер на Брегот на Слоновата Коска и на неколку други земји.

Учесниците на настанот имаа можност да ги слушнат најновите информации за проектот и за напредокот на изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“, да добијат одговор на своите прашања од страна на главните раководители и да ги видат моторите засновани на технологијата „Славјанка“. Сето тоа им помогна да стекнат уште поголема доверба во проектот, подобро да ја разберат неговата суштина и користите од него, и да донесат одлука да инвестираат.

Меѓу другото, беа извлечени и награди за гостите на конференцијата: петмина од присутните добија поединечни инвестициски пакети во вредност од 100$, а некои од учесниците добија награди со логото на SOLARGROUP.

Освен конференцијата, во склоп на оваа посета водечките лица на SOLARGROUP одржаа работни состаноци и отворија претставништво на компанијата во Абиџан.

Подоцна ќе дадеме поопширен извештај за конференцијата и за настаните поврзани со неа. А сега ве покануваме да погледнете едно видео, како и селекција на највпечатливите фотографии кои се достапни овде.

ПОВЕЌЕ НОВОСТИ