Меѓународни делегации на градилиштето на „Совелмаш“

Меѓународни делегации на градилиштето на „Совелмаш“

Од 12 до 15 септември, пред да се одржи Меѓународната конференција на SOLARGROUP 2023, проектот „Моторите на Дујунов“ ги дочека гостите со богата програма. Тие неколку дена, 11 делегации од разни земји го посетија градилиштето на „Совелмаш“. Наши инвеститори и партнери од целиот свет, како и од многу градови на Русија, дојдоа да учествуваат на конференцијата, да одржат деловни средби и да имаат удел во други настани подготвени за нив. Некои членови на делегациите ја посетија Москва за првпат.

Во програмата за гостите беше вклучено разгледување на Црвениот плоштад и посета на Серускиот изложбен центар, обиколка во Музејот за космонаутика, и уште многу други работи. Во неколку наврати, Александар Сударев ги водеше посетителите во обиколка на градилиштето, давајќи им притоа детални информации за достигнувањата и за претстојните градежни планови.

Во деновите што ѝ претходеа на конференцијата, со секоја делегација беа одржани низа неформални деловни средби, на кои активно се разговараше за развојот на проектот во регионите и се разменија впечатоци од посетата. Во текот на настанот, гостите посебно ја истакнаа силната динамика и позитивната енергија која сега ја чувствуваат сите учесници во проектот. Затоа што проектот ги оправдува сите очекувања!

Погледнете го нашето видео за да видите како изгледаа тие настани.

За многу учесници во проектот, конференцијата и посетата на градилиштето беа најочекуваните настани во годината!

ГЛЕДАЈТЕ ГО ВИДЕОТО