Остварете ги Вашите соништа со SOLARGROUP!

Остварете ги Вашите соништа со SOLARGROUP!

Кога брендот на SOLARGROUP би бил човек, тогаш би бил некој што исполнува желби. Да, ние можеме да им помогнеме на луѓето да ги остварат своите желби и соништа.

Од каде го знаеме ова? Од она што ни го кажуваат нашите партнери и инвеститори.

Алексеј, кој е инвеститор, вели: „Ми се чини дека со SOLARGROUP е полесно да се направи СÈ“.

Антон, кој е партнер, вели: „SOLAR, мислам дека Елон Маск наскоро ќе дојде во Зеленоград. Ќе му напишам порака овие денови! Ви благодарам за вашата работа!“

Татјана, која е инвеститор, вели: „Навистина ми се допадна атмосферата на конференцијата на SOLARGROUP. Преовладуваше дух на пријателство. Многу луѓе од разни земји обединети со една идеја. Иако конференцијата траеше долго, воопшто не ме умори, напротив, ме исполни со енергија“.

Па, кои соништа ги остваривме досега?

• 2021 год.: беше ископана јама во која беа положени темелите на идното Биро „Совелмаш“. 2023 год.: меѓународни делегации беа во обиколка на речиси довршената зграда.
• 2017 год.: првите 100 учесници во проектот од Русија ја поддржаа идејата која им беше непозната на многу луѓе. 2023 год.: речиси 100.000 луѓе од целиот свет со доверба инвестираат во проектот со јасни еколошки и финансиски цели.
• 2017 год.: првите инвестиции беа привлечени уште пред да биде покренат бек-офисот. 2023 год.: бек-офисот е во функција — цел инфраструктурен комплекс и полноправен екосистем каде што можете да правите сè одеднаш, меѓу другото, и да водите сопствен бизнис.

Но, ова не е сè!

Јохан од Германија вели: „Со години сонував за една таква голема и важна работа! Имам големи очекувања од овој проект. Откако се вклучив во него, се радувам на секој резултат што го постигнувам, а мојот придонес во проектот ме исполнува со достоинство. Порано ме плашеше помислата да бидам успешен. А сега научив да им го пренесувам моето искуство на другите и успевам да ги заинтересирам. Цело време размислував за тоа колку непотребно ги трошиме нашите ресурси. А денес можам да влијаам врз тоа. Компанијата ми покажа дека со стрпливост и со упорност на крајот може да се оствари посакуваниот резултат и да се постигне успех. Сега мојот сон е да патувам низ целиот свет, и секој ден сум сè поблизу до таа цел. Би сакал да им кажам нешто на сите кои штотуку почнуваат да работат со оваа компанија: направете нешто додека можете, додека тоа е во ваша моќ. Задржете го погледот на целта и патот сам ќе ви се отвори“.

Дин од Виетнам вели: „Копнеев да гледам без страв на иднината. Сега знам дека ова е достижно за секој што станува партнер на SOLARGROUP. За 5 години, ќе имам голем пасивен приход од мојата разгранета структура и од дивиденди. Уверен сум дека за 5 години ќе има многу канцеларии на SOLARGROUP во Виетнам. Имам апсолутна доверба во оваа компанија. Таа секому му нуди три извори на заработка: приход од партнерските активности во рамките на партнерската програма, дивиденди веднаш откако ќе биде комплетирана првата нарачка, и можност за заработка на интерната берза откако ќе заврши финансирањето. Ниту една друга компанија не нуди вакво нешто, ова е уникатна понуда од SOLARGROUP“.

ДРУГИ НОВОСТИ