Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Клучни настани од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Изградба на Бирото „Совелмаш“

20 ноември беше важен датум за нашиот проект! Првите кубни метри вода стигнаа до зградата на инженерскиот центар. Ова се случи бидејќи беше поврзан првиот приклучок за довод на ладна вода. Останува само да се изврши пречистување на водата, и потоа ќе може да се користи во полна мера. На местото каде што градежните работници го поврзаа првиот приклучок, веќе започна обновувањето на површинскиот слој на почвата.

• Продолжи работата на вториот приклучок за ладна вода од друг извор. Ова е неопходно за да се исполнат барањата на заштита од пожари. Беа ставени вентили и беше монтиран бунарот. Продолжи и затрупувањето на ровот на локацијата на „Совелмаш“. На останатите делови, завршени се сите работи поврзани со ископување.

• Беа подготвени подлогите за две пешачки патеки кои сега ќе бидат поплочени.

• Во самиот објект, се засилија активностите поврзани со поставување и поврзување на инженерските мрежи.

• Лифтот е пуштен во функција. Градежниците веќе го користат за да носат материјали на првиот и на вториот кат од административната зграда.

• Во производствениот погон беше поставен дел од системот за трајно осветлување.

• Привршува завршната обработка во административната зграда. Се поставуваат ѕидните панели. На вториот кат беше бојадисан таванот.

• Делумно е монтиран и споен системот за климатизација.

Заклучен вебинар на SOLARGROUP

Минатата седмица го објавивме датумот на заклучниот вебинар на SOLARGROUP. Тој ќе се одржи на 2 декември во 17:00 часот по московско време.

Може да се регистрирате за вебинарот на следниов линк.

На вебинарот ќе учествуваат сите главни раководители на проектот, како и поканетите стручњаци: Дмитриј Дујунов, Сергеј Семјонов, Павел Филипов, Павел Шадскиј, Александар Сударев, Виктор Арестов, Андреј Лобов, Константин Рожков.

Ќе дознаете како напредува изградбата на Бирото „Совелмаш“, ќе бидат изнесени новости и планови, и ќе се зборува за финансирањето на проектот и за акционирањето.

Преносот ќе биде достапен на 14 јазици: руски, англиски, француски, германски, шпански, бразилски, италијански, хинди, виетнамски, индонезиски, бугарски, македонски, унгарски и хрватски.

Лотарија на SOLARGROUP

Преостанува помалку од една седмица до крајот на второто коло од лотаријата на SOLARGROUP, во која може да освоите електричен мотоцикл или да го зголемите Вашиот удел во проектот дури за 2,5 пати. А 100-те инвеститори кои вложија најмногу пари во ноември ќе влезат во финалето на лотаријата и ќе имаат шанса да освојат електричен автомобил.

Детали за лотаријата.

Побрзајте да учествувате и да освоите награди!

УЧЕСТВУВАЈТЕ