Клучната статистика и понатаму е достапна
Поддржете го проектотДраги инвеститори и партнери!
Активно се вклучивте во проектот „Цепелини од новата генерација“, и еве што постигнавме во однос на финансирањето во текот на 23 дена од покренувањето:
• купени се пакети во износ од 3.894.000 $ (вклучувајќи ги и пакетите на рати),
• износот на реални уплати во проектот е 313.072 $,
• 1.246 лица станаа инвеститори во проектот.
Земји што предводат по број на инвеститори се:
• Русија — 45%,
• Индија — 9%,
• Виетнам — 7%,
• Бенин — 5%,
• Брегот на Слоновата Коска — 5%.
Им благодариме на сите инвеститори и партнери за нивната активна поддршка на проектот!
Почнувајќи од 1 септември, го ограничуваме пристапот до секојдневната онлајн-статистика за финансирањето на проектот. Како што веќе беше објаснето, го правиме ова затоа што неисправното толкување на таквата статистика од страна на инвеститорите може да влијае негативно врз реализацијата на проектот.
Во иднина, таков секојдневен пристап до онлајн-статистиката ќе имаат само најголемите инвеститори во проектот. Сепак, и понатаму редовно ќе Ве известуваме за клучните бројки во дневните новости и на онлајн настаните.
Износот на реални уплати и обврски и понатаму ќе може да го следите во бек-офисот.
Исто така, таму може да дознаете нешто повеќе за проектот и да инвестирате.