Со какви машини беше надополнета опремата во Бирото „Совелмаш“?
На сликите се прикажани:
• робот за заварување,
• периферна опрема за машината за лиење алуминиум под притисок,
• единица за филтрирање за ласерскиот погон,
• контурограф и профилометар,
• CNC-машина за свиткување на цевки,
• жигови за сегментите на статорот и роторот.
На фотографиите се гледаат и важни технолошки операции: првото лиење на алуминиум во печката за топење и првиот призвод на машината за сериско производство — статор за вграден погон на рачен електричен алат.
Со секоја испорака на опрема, се прошируваат капацитетите на Бирото за проектирање и инженеринг. Специјализираните машини ќе ја зголемат брзината на производствените процеси, квалитетот на готовите производи, и на тој начин ќе придонесат претпријатието да работи со максимална ефикасност.