Како да ја зголемите заработката за 40 пати | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Aboudou Traore
Дознајте за уникатните проекти на SOLARGROUP:
• „Цепелини од новата генерација“
• „Моторите на Дујунов“
Се викам Aboudou Traore, и живеам во Буркина Фасо. По професија сум стручњак за одржување компјутери.
Пред да слушнам за компанијата SOLARGROUP, минав низ тежок период. Немав работа и не знаев што да правам со животот. Секој ден се прашував што ми носи иднината, и чувствував како да лебдам без некоја јасна цел. За среќа, често се случува во моментите на најголем очај од некаде да се пробие светол зрак. SOLARGROUP стана тој зрак на надеж за мене.
Пред да ѝ се придружам на оваа компанија, се наоѓав во незавидна ситуација. Откако платив за моето образование, ми останаа само неколку долари, а не заработував речиси ништо. Овде е многу тешко да се најде работа. Тоа што не можев да се стабилизирам на професионално поле ми ја црпеше силата. Чувствував дека е крајно време да преземам контрола над мојот живот. Сите проблеми со кои се соочував ми помогнаа да размислувам појасно и ме наведоа да истражувам нови можности, да ги проширам моите хоризонти и конечно да најдам начин за да ги остварам моите цели.
На 5 мај 2022 год., дознав за компанијата SOLARGROUP и потпишав договор за партнерство. За ова сакам да му се заблагодарам на господин Zongo Ousmane. Тој неколкупати се обиде да ми го сврти вниманието кон проектот. Иако во почетокот не сакав да го слушам, неговата упорност и увереност ја разгореа мојата љубопитност. Сфатив дека пред мене, всушност, лежи една извонредна можност. Така го пронајдов својот пат.
Уште од првиот миг кога дознав за SOLARGROUP, бев воодушевен од нивната јасна мисија — да им ги направат достапни технолошките иновации на што е можно повеќе луѓе. Одржливоста, чистата енергија и ефикасноста се во сржта на решенијата што тие ги нудат, и ова навистина е достојно за восхит. Активностите на SOLARGROUP не се ограничени само на реализација на одреден проект, туку се дел од една глобална трансформација, при што секому му се дава можност да има активен удел во конкретни промени. За мене SOLARGROUP претставува вистинска револуција; тоа е компанија што ги обединува технологијата и хуманоста за создавање на подобра иднина.
Кога почнав да работам како партнер на SOLARGROUP, имав јасна почетна цел: да развијам партнерска мрежа, да зборувам за проектот со сите околу мене и да привлечам инвеститори кои ќе ја поддржат компанијата. Но, со текот на времето, мојот пристап се промени. Сфатив дека долготрајните инвестиции се далеку поисплатливи од моменталната добивка. Затоа, освен што активно ја промовирав мисијата на SOLARGROUP, сакав и лично да инвестирам во проектот. Овој избор беше од пресудна важност за целосно да ѝ се посветам на оваа прогресивна компанија.
Првиот чекор во партнерскиот бизнис беше развој на конкретен план и стратегија. Внимателно размислував за тоа кои се најдобри методи за промовирање. Брзо идентификував четири познајници на социјалните мрежи — луѓе кои ги делеа моите интереси. Уверливо им го претставив проектот, а тие веднаш ја искористија можноста и ги купија своите први пакети од 500 $. Овој почетен успех ми беше вистинска мотивација. Ми влеа доверба дека можам да формирам разгранета мрежа од партнери и инвеститори кои имаат слични размислувања како мене.
Како резултат на овие активности, научив да разговарам со непознати и тактично да им пристапувам на нови лица. Развив важни особини како стрпливост, упорност и, пред сѐ, самоконтрола. Овие вештини ми беа од голема корист на едно такво сложено поле како што е маркетингот.
Сепак, како и секој почетник, направив неколку грешки. Не одвоив доволно време за да учам! Поради тоа понекогаш пропуштав добри прилики.
Една од клучните одлуки што ги донесов прилично рано беше да се насочам на вистинските луѓе уште од самиот почеток. Првите познајници што ги поканив да се вклучат во проектот станаа многу активни партнери, и во голема мера придонесоа за мојот брз успех. Заклучив дека добриот почеток зависи од мудриот избор на партнери, но и од постојаната меѓусебна поддршка.
Првите значајни резултати ги постигнав по три месеци постојана напорна работа. Успеав прилично да инвестирам благодарение на надоместоците за препорака.
Сепак, морав да вложам голем труд за да го стекнам сегашниот статус „Експерт“. Внимателно ги избирав луѓето со кои сакав да соработувам водејќи сметка да имаме заедничка визија и слична мотивација.
Презедов иницијатива да основам работна група. Давав корисни совети, мотивирав и им помагав на новите партнери да се вклопат во проектот. Соработката и активниот пристап се клучот за успех и за стекнување висок статус.
Помошта што ја добив од мојот ментор и водич, Zongo Ousmane, беше од непроценлива важност. Иако самиот немаше доволно лични инвестиции за да стекне статус „Експерт“, тој ме поддржа така што ми позајми 500 $. Оваа финансиска поддршка одигра клучна улога во мојот напредок.
Ова искуство исто така ме научи колку е важна тимската работа и меѓусебната доверба. Благодарение на овие принципи, сите можевме да созреваме и да го зацврстуваме нашиот колективен успех.
Но, се соочив и со сериозни предизвици. На пример, многу се обесхрабрував кога некои партнери понекогаш не сакаа да ги платат ратите. Сепак, сметам дека видливите достигнувања на SOLARGROUP имаат пресудна улога во задржувањето на интересот и воодушевеноста на учесниците во проекотот.
Моите идни цели во партнерскиот бизнис се следниве:
• да ја проширам и да ја зацврстам мојата мрежа на партнери и инвеститори,
• да ги искористам новите можности за инвестицирање и за напредок во рамките на SOLARGROUP,
• да извлечам максимум од партнерската стратегија.
Обучувајте ги и мотивирајте ги новите партнери! Сакам да го споделувам моето знаење и искуство со нив за да можат и тие да ги остварат своите цели.
Благодарение на моето партнерство со SOLARGROUP, во мојот живот се случија позитивни промени. Станав нова личност, и уживам во финансиска благосостојба. Денес заработувам 20 до 40 пати повеќе од порано, и можам да му обезбедам удобен живот на моето семејство.
Особено се гордеам на она што SOLARGROUP ми овозможи да го постигнам во мојот личен живот. Благодарение на овој проект, можев да се оженам и да основам семејство, и да им обезбедам убави услови на сопругата и на нашата ќеркичка.
Освен тоа, со партнерската работа значително се прошири мојата мрежа на познајници; се запознав со нови луѓе и имавме прилика да соработуваме во различни проекти. Овие познанства не само што ги проширија моите професионални хоризонти туку и ми отворија врата за нови можности и активности.
Сакам од срце да му се заблагодарам на SOLARGROUP за сите овие позитивни промени!