Како да го користам „Почетниот бонус“? | Работна методологија на партнерите
Промоцијата „Почетен бонус“ е подарок од 25 $ за првата инвестиција. Ако не знаевте за неа или можеби ја заборавивте, повеќе информации може да најдете овде.
Ова е добар почеток за новиот инвеститор. Но, не е само тоа! Ова е добар почеток и за новиот партнер. И, се разбира, потсетување за искусниот партнер почесто да ги користи алатките кои се достапни во бек-офисот, како што е делот „Промотивни понуди“. Во овој дел секогаш има повеќе информации за секоја тековна промоција за инвеститорите и партнерите.
„Почетниот бонус“ му помага на партнерот да воспостави прв контакт со потенцијалниот клиент. И има три предности — едноставен е, корисен и пријатен:
• На едноставен начин го мотивира клиентот да се регистрира во бек-офисот.
• Освен тоа, корисен е за клиентот — тој заштедува на првата инвестиција.
• И, навистина е пријатно да се започне соработка со подарок, и да се добие награда за тоа.
Вие ќе добиете надоместок за препорака ако новиот клиент се регистрира преку Вашиот линк и ако инвестира во рок од 14 дена по регистрацијата. Не заборавајте да им објасните на клиентите дека по 14 календарски дена подарокот од 25 $ ќе биде поништен доколку не се искористи.
Кажете им на сите Ваши потенцијални клиенти за промоцијата „Почетен бонус“. И развијте ја Вашата партнерска структура.