Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“
Изградба на Бирото „Совелмаш“
Во текот на државните празници, градежните работи на градилиштето „Совелмаш“ се одвиваа со забрзано темпо.
• Се поставуваа комуналните мрежи, односно системите за вентилација и ладење, како и електричната енергија.
• Беше завршено поврзувањето на разладните кули, кои се дел од системот за ладење на зградата. Сега се на ред тестирањето на притисокот и топлинската изолација, а потоа следува местење на оградата и на натстрешницата.
• Во тек беше завршувањето на делот кај влезот на зградата и местењето на гранитните плочки на надворешниот дел од влезот.
• Започна поставувањето на колците кои ќе бидат потпора на оградата во стрмниот дел на падината и капијата.
• Лифтовите во приземјето на административната зграда го попримија конечниот изглед.
• Продолжи излевањето на бетонските темели на ѕидовите за заштита од бука.
Истовремено се работеше на развојот и подготовката за изработка на производи на „Совелмаш“, односно на деловите од нарачан мотор.
Тековни промотивни понуди
Сакаме да Ве потсетиме на промоциите што ќе ја зголемат вредноста на Вашите инвестиции во проектот.
10% попуст на уплати од најмалку 100$ за предвремено отплаќање на рати заклучно до 31 мај.
Во бек-офисот може да најдете информации за сите промоции достапни во проектот.
Искористете ги!