Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“
Изградба на Бирото „Совелмаш“
Минатата седмица беа во полн ек подготовките за добивање сертификат за завршување на изградбата.
• Се поставуваше осветлувањето и неонските светилки во производствениот погон. Во тек беа подготовките за трајно спроведување на електрична енергија во зградата.
• Продолжи инсталацијата на системот за ладење во објектот. Во тек беше и поставувањето на опремата во втората хала од разладниот центар. Сега се поврзуваат кулите за суво ладење, и се бојадисуваат цевоводите.
• Продолжи внатрешната завршна обработка и поставувањето на вентилацискиот систем.
• Беа завршени повеќе работи на противпожарните системи, мрежите за слаба струја, итн.
• На канцелариите на вработените во Бирото беа ставени плочките со нивните имиња. Натписите на вратите беа изработени од „Совелмаш“.
• Започна монтирањето на арматурните конструкции во кои ќе се бидат излеани бетонските темели на ѕидовите за заштита од бука.
• На локацијата беа поставени клупи и канти за ѓубре.
Беше завршена голема работа со изготвувањето на документацијата потребна за добивање на сертификатот за завршување на изградбата.
Производи дизајнирани од „Совелмаш“
На опремата во Бирото „Совелмаш“ се изработуваат производи од сопствен дизајн:
• статори за моторите на квадрокоптерот (вид дрон),
• полуготови капаци за моторите кои се ладат со вода,
• делови од рамката на квадрокоптерот.
Новости на SOLARGROUP
На 22 април, беше одржан директен пренос во кој учествуваа генералниот директор на компанијата, Сергеј Семјонов, раководителот на одделот за реклами, Павел Филиопов, и раководителот на партнерската мрежа, Сергеј Шевченко.
Теми на вебинарот:
• новости и резултати на проектот,
• досегашни резулти од финансирањето,
• акционирање и подготовки за оваа постапка,
• одговор на прашања од инвеститорите.
Гледајте снимка од преносот на следниов линк.
Во бек-офисот беше покрената функцијата за акционирање. Засега им е достапна само на членовите на Клуб 100, но со текот на времето ќе биде достапна за сите други инвеститори.
Според тоа, постапката за изготвување на акционерска книга започна. Ова е многу важен чекор во реализацијата на проектот!
Беа направени ажурирања во делот „Промотивни понуди“ во бек-офисот. Го подобривме визуелниот изглед и структурата. Сега најпрво ги гледате најновите промоции. Може да дознаете нешто повеќе за сите промоции на следниов линк.
Тековни промоции
Ве потсетуваме дека овие понуди се со ограничено времетраење.
Можност за зголемување активен пакет што се отплаќа на рати заклучно до 30 април.
10% попуст на уплати од најмалку 100 $ за предвремена уплата заклучно до 31 мај.