Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“
Минатата седмица, изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг напредуваше на различни полиња.
• Се монтираа преградните ѕидови од гипс-картон во административната и резидентната зграда.
• Се инсталираше и се поврзуваше технолошката опрема.
• Се чистеше зградата и околината.
• Се изведуваа земјени работи во поврзаност со комуналните мрежи, и беа закопувани цевките. Беа завршени и некои други работи.
Во септември треба да биде завршена зградата и да биде уреден околниот терен. Потоа „Совелмаш“ треба да ги помине државните инспекции, и Бирото треба да биде пуштено во работа најдоцна до март 2024 год. за да се избегнат казните.
Според Дмитриј Дујунов, владата во Москва одлучила компанијата да плати казна од 3 милиони рубљи доколку задоцни со пуштање во работа на објектот повеќе од шест месеци од планираниот рок. Подетално за ова зборувавме овде.
Брзината на изградбата сега зависи само од темпото на инвестирање. Вие може да ја забрзате така што предвреме ќе ги отплатите ратите или ќе поканите нови инвеститори во проектот.
Бек-офисот сега е достапен на македонски јазик. Есента 2022 год., компанијата SOLARGROUP отвори свое национално претставништво во Северна Македонија. Македонците сега имаат можност да ги дознаат новостите за проектот и да го користат бек-офисот на својот мајчин јазик.
Бек-офисот е преведен на 23 јазици и го користат повеќе од 420.000 луѓе низ целиот свет.
Следете ги нашите новости и бидете во тек со развојот на проектот „Моторите на Дујунов“.