Тестирања на NOVA-01: новости од теренот

Тестирања на NOVA-01: новости од теренот

Нешто повеќе за проектот „Цепелини од новата генерација“.

Тимот на инженери за развој на цепелинот NOVA-01 во петокот ја заврши тридневната обиколка на локацијата за тестирања, и за време на викендот се врати во Москва.

Што беше постигнато?

• Склопувањето на гондолата е довршено, и сега е целосно подготвена за монтирање.
• Довршена е инсталацијата на каблите, и комуникацискиот систем на моделот NOVA-01 во потполност е спремен за работа.
• Воспоставени се комуникација и пренос на податоци за понатамошни тестирања.
• Обезбедено е управување и надзор над сите системи.

Секој член на тимот е задолжен за своето поле на одговорност: креирање на систем за управување, вградени компјутери, набавка, материјална поддршка, итн. Ваквиот пристап овозможува оптимизација на процесите и обезбедува висок квалитет на работата во сите фази, што е од особена важност кога се излегува на терен.

Што е следно?

Завршената фаза ни овозможува да преминеме на следните чекори од тестирањата, со кои продолжуваме од денес, понеделник. Работата напредува, бидете во тек со новостите!

Поддржете го проектот