Успешно одржана интензивна обука за партнерите во Еквадор

Успешно одржана интензивна обука за партнерите во Еквадор

Втората бесплатна обука за партнерите на SOLARGROUP — од почеток до успех — беше одржана на 4 јуни, во Кито (Еквадор). Настанот се одржа во хотелот Sheraton Quito Avenida Republica de El Salvador, каде што се собраа учесниците заинтересирани за партнерски бизнис кои успеаја навреме да се регистрираат.

Овој настан траеше три часа. Меѓу говорниците беа:

• Масимилијано Вивиан Росини, национален партнер на SOLARGROUP во Еквадор,
• Павел Филипов, раководител на одделот за маркетинг и односи со јавност,
• Павел Шадскиј, комерцијален директор на SOLARGROUP,
• членови на управните одбори од регионот.

Овој пат, првиот дел од програмата, кој го водеше Павел Филипов, беше посветен на личните продажби. Поголемо внимание беше посветено на следниве прашања: што треба да прави секој партнер за да ги зголеми своите приходи, како да привлече нови клиенти и како да работи со оние што веќе ги има. Овој дел од обуката беше приспособен на барањата на партнерите кои беа изнесени во текот на првата обука во Перу.

Павел Шадскиј го водеше вториот дел од програмата кој беше посветен на развојот на тимот. Беше одговорено на следниве прашања: како може партнерот да формира и да предводи еден тим, кои чекори треба да ги преземе во зависност од својот партнерски статус, и како може да ја развива и да ја прошири својата партнерска работа. И овие теми беа во склад со барањата на партнерите изнесени во текот на првата обука.

Учесниците добија практични совети и упатства темелени на искуствата на партнерите на SOLARGROUP од целиот свет, како и на статистичките податоци кои беа собрани конкретно за оваа обука.

Исто како и на претходната обука во Лима, на секој учесник му беше доделен онлајн сертификат за завршена сеопфатна партнерска обука. Ова се првите чекори во развојот на обука за партнерите на SOLARGROUP во разни земји. Главната одлика на обуката е повеќе пракса, помалку теорија! Нè очекуваат нови сесии на обука, и офлајн и онлајн.

Ако и вие сте заинтересирани за партнерски бизнис, следете ги нашите новости за да не пропуштите ваков настан во Вашиот град и да се регистрирате за бесплатна обука! Ова е уникатна програма која им овозможува на партнерите да напредуваат најбрзо што можат — од почеток до успех.

Погледнете ја нашата фоторепортажа за обуката во Еквадор за да ја почувствувате атмосферата на успех.