Функцијата акционирање е спремна за покренување во бек-офисот
Конечно стигна долгоочекуваната вест!
Ја покренуваме функцијата акционирање во бек-офисот.
Акционирањето е постапка со која друштвото со ограничена одговорност (ДОО) „Совелмаш“ ќе биде претворено во акционерско друштво (АД). Таа ќе му овозможи на инвеститорот во проектот да добие акции во компанијата „Совелмаш“ пропорционално на бројот на своите инвестициски удели, и потоа да прима дивиденди или да заработува од продажба на своите акции.
Ова е најважната фаза во реализацијата на проектот „Моторите на Дујунов“. Ви честитаме на стигнувањето до оваа фаза!
Сега започнуваме со првата фаза на акционирањето — изготвување на акционерската книга на идните акционери.
Функцијата акционирање ќе се тестира на одредени категории инвеститори: прво до неа ќе имаат пристап членовите на Клубот 100 и Клубот 1000, потоа инвеститорите од Русија, и на крајот сите други инвеститори.
Уште сега може сами да се подготвите за акционирањето:
• комплетирајте ја верификацијата во бек-офисот;
• ако веќе сте верифицирани, проверете ја точноста на Вашите лични податоци, а ако има некои промени, верифицирајте се повторно;
• ажурирајте го Вашиот телефонски број и имејл за да може брзо да контактираме со Вас доколку се појават некои прашања.
Повеќе детали за акционирањето ќе бидат изнесени на вебинарот во кој ќе учествуваат раководителите на компанијата SOLARGROUP. Програмата ќе биде достапна на повеќе јазици.
22 април, во 17:00 часот по московско време.
Линк до емисијата.
Подгответе ги Вашите прашања и придружете ни се!