Пари и семејство: како да зборувате за финансии со најблиските
Некои партнери ни кажуваат дека нивните најблиски не им пружаат поддршка и дека се трудат да ги разубедат да не учествуваат во проектот. Од друга страна, пак, оние партнери кои наишле на поддршка од семејството и пријателите сметаат дека токму тоа им дава мотивација да одат напред.
Дали поддршката од најблиските е важна кога станува збор за лични финансиски одлуки? Колку влијае тоа врз резултатите? Дали некој воопшто треба да зборува за проектот со семејството? За да го дознаеме ова, се свртевме кон препораките на психолозите.
• Не е лесно да се разговара. Добро е однапред да се има на ум дека е тешко да се зборува за пари. Личните приходи и расходи спаѓаат во прилично интимната сфера на возрасниот човек, и кога се работи за прашања поврзани со оваа работа, во најмала рака треба да се покаже обѕирност и разбирање. Во спротивно, ниту Вие ниту другите нема да бидете спремни меѓусебно да ги споделите своите планови и тешкотии. Статистиките во секоја земја покажуваат приближно иста слика: разликата во финансиските навики е една од главните причини за конфликти во семејствата. Затоа, бидете подготвени уште веднаш: реакцијата на некој од најблиските на Вашиот финансиски план може да биде непредвидлива.
• Финансиска социјализација. Врз односот што едно возрасно лице го има кон финансиите влијаат сеќавањата на начинот на кој неговите родители раководеле со парите и на тоа како самиот бил поучен да ги распоредува своите средства. Дали Вие, Вашето семејство или пријателите сте минувале отприлика низ истата финансиска социјализација? Ако да, тогаш е поголема веројатноста Вашата финансиска одлука да наиде на одобрување.
• Финансиите и полот. Според анкетите, 75% од мажите сметаат дека се подобро упатени во финансиските прашања од жените, вклучувајќи ги и нивните сопруги. Ако не сакате разговорот за пари да биде причина за конфликт, попродуктивно е да прифатите дека можете да добиете добар финансиски совет од кого и да било, без оглед на полот.
• Финансиски цели. Ако барем приближно знаете какви цели има некој во финансиски поглед, може да го искористите тоа како заеднички темел за разговор. • „Го сакам истото што го сакаш и ти, затоа...“
• Категорична финансиска одлука. Дали некогаш Вие лично или некој од Вашето семејство или пријателите категорично сте изјавиле: Ќе го купиме ова/Нема да го купиме ова? Иако ова може да биде кажано на поинаков начин и од различни причини, суштината е дека не сте барале совет ниту, пак, сте биле спремни да го сослушате мислењето на другите. Било прекршено првото важно правило кога се разговара за пари: обѕирност и разбирање. Мала е веројатноста дека ќе добиете поддршка за Вашата финансиска одлука.
• Да им кажам или не? Тоа зависи од Вас. Во секој случај, не би требало да ја чувате во тајност Вашата финансиска одлука, на пример, ако сте се вклучиле во проектот или во партнерската програма. Кога станува збор за финансии (исто како и за многу други работи), многу е важно најблиските да бидат искрени меѓу себе. Ако Ве прашаат, подобро е да им ја кажете вистината. Сепак, имате право воопшто да не започнувате разговор за Вашите финансиски одлуки со лица кои не зависат финансиски од Вас. И обратно — во случај некои од најблиските да зависат финансиски од Вас, фер е да им кажете за Вашата одлука.
• Не добив поддршка. Што треба да правите? Ништо. Преземете одговорност, и ставете го тоа до знаење. А потоа продолжете да работите на својата цел. Бидејќи семејството и пријателите најверојатно Ви го посакуваат најдоброто, подоцна без сомнение ќе се радуваат на Вашите достигнувања!
Прочитајте нешто повеќе за тоа како најблиските честопати реагираат на учеството на нашите партнери во проектот во нивните приказни кои излегуваат во бек-офисот.