Годишнина од проектот „Моторите на Дујунов“!

Годишнина од проектот „Моторите на Дујунов“!

Драги пријатели! Во почетокот на јуни, нашиот проект ќе ја одбележи 7-та годишнина. На 1 јуни 2017 год., беше одржана првата онлајн презентација на проектот, во текот на која Сергеј Семјонов и Дмитриј Дујунов го објавија почетокот на крудинвестирањето.

Како и во животот на секој човек, овие први 7 години беа период на брз развој и низа клучни настани, време кога беа удрени темелите за иднината.

Главни достигнувања

• Нашата заедница веќе брои над 502.000 членови низ целиот свет. Во ова се вклучени 67.600 инвеститори и 19.300 партнери.

• Компанијата SOLARGROUP создаде иновативна IT- платформа за бек-офисот, благодарение на која се финансира проектот и се привлекуваат инвестиции од целиот свет.

• SOLARGROUP создаде јак тим од професионалци кои се посветени на мисијата на компанијата и на реализацијата на проектот.

• Отворивме национални претставништва во 28 земји и 9 канцеларии во други држави. Оваа стратегија придонесе да се зголеми приливот на инвестиции, да се промовира технологијата „Славјанка“ низ целиот свет, и проектот навистина доби меѓународен карактер.

• Инженерскиот центар „Совелмаш“ е речиси готов. Преостанува да се доврши поставувањето на уште некои комунални мрежи, и да се заврши уредувањето на ентериерот и на теренот. Бирото ќе биде пуштено во работа оваа година.

• Тимот на „Совелмаш“ доби неколку патенти за технологијата и создаде неколку иновативни производи: универзален вграден погон за електрични алати, кревалка за лифт без запченик, регулатор и др., вклучувајќи и технолошка опрема за производство на мотори.

• „Совелмаш“ создаде тим од стручњаци и купи современа опрема. На подрачјето на Бирото веќе работат разни погони. Склучивме прелиминарни договори за соработка со наши клиенти, вклучувајќи ја, на пример, и компанијата „KAMAZ“. Според мислењето на најголемиот производител на опрема за тестирање, лабораторијата на „Совелмаш“ се смета за најпрецизна лабораторија за тестирање електромотори во Русија.

• SOLARGROUP има привлечено инвестиции во износ од над 84.000.000 $. Овие пари се користат за реализација на проектот.

Ниту еден од резултатите во овој седумгодишен период немаше да биде постигнат без вашата поддршка и инвестиции!

Дали се сеќавате како започна проектот? Или се придруживте кога проектот малку „созреа“? Споделете ги вашите спомени во коментарите и напишете што му посакувате во иднина!

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ