Претставување на технологијата и говорници од странство

Претставување на технологијата и говорници од странство

Ќе видите многу интересни работи на конференцијата на SOLARGROUP во Москва на 16 септември. Меѓу другото, ќе можете да видите и опрема со мотори засновани на „Славјанка“.

Производственото претпријатие „Ресурс“ ќе ги претстави возилата со вградени комплети засновани на електромотори произведени од компанијата ASPP Weihai. Да потсетиме дека овие мотори се модернизирани со примена на технологијата „Славјанка“ и се произведуваат под лиценца во Кина.

• Тук-тук Bajaj Maxima со електромотор DA-90S и систем за полнење на соларна енергија од 2400 W. Тоа е истиот тук-тук што учествуваше во трката на соларни возила низ Казахстан.
• Трицикл Piaggio Ape 50 со мотор DA-90SM.
• Чамец Cayman 31 со мотор за чамец на производственото претпријатие „Ресурс“ заснован на моторот DA-95S.
• Мало теренско возило (ATV) со мотор DA-100S.
• Мотоцикл Jincheng AX100 со мотор DA-90S.

Компанијата Denzel ќе го демонстрира серискиот мотоцикл Liberty со мотор DA-95S.

На конференцијата исто така ќе биде претставен дизел-генераторот Kubota со алтернатор од 5,5 kW модернизиран со технологијата „Славјанка“, индустриски електромотори за општа намена од „Совелмаш“, регулатори и уште многу други работи.

Подготовките за конференцијата се во полн ек. Подготвуваме богата програма за вас. Освен говорниците што веќе ги најавивме, се очекува и доаѓањето на гости од странство. Конкретно, на конференцијата ќе присуствува господин Ashok Chabria од Индија, коосновачот на компанијата Rap Eco Motors. Оваа компанија е еден од водечките производители на електични трицикли во Индија и во светот. Раководството на компанијата е заинтересирано за користење на моторите засновани на „Славјанка“ во своите возила тук-тук, и спремна е за соработка.

Местата за конференцијата на SOLARGROUP беа резервирани за многу кратко време. Затоа додадовме уште 50 дополнителни места. Побрзајте да се регистрирате за да учествувате на главниот настан во годината во проектот „Моторите на Дујунов“. Влезот е бесплатен.

Со нетрпение Ве очекуваме!

РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ