Листа за проверка со партнерски активности од А до Ш: успехот е загарантиран!
Драги пријатели! На сите што имаат потпишано договор за партнерство во бек-офисот, сега им е достапен список со активности. Ова е листа за проверка со партнерски активности од А до Ш —25 чекори кои ќе Ви помогнат брзо и без грешки да постигнете успех, финансиска благосостојба и глобално признание.
Веќе подолго време ги анализиравме и систематизиравме сите информации, барања и повратни информации од партнерите. Од таа причина, листата за проверка е единствен список со активности, во кој беа земени предвид и внимателно разгледани интересите на сите.
Повеќе нема да има прашања од каде да се почне и како да се дејствува во партнерскиот бизнис! Бидејќи листата за проверка Ве води од потпишување на договорот за партнерство до развој на цел регион во кој може да станете главен претставник на компанијата.
Листата за проверка ќе Ви помогне да се снаоѓате со разните алати за партнерите и навремено да го примените секој од нив.
Кои дополнителни поволности ги имате од оваа листа?
• 5 делови — може да видете на кое ниво сте сега и уште колку активности Ви преостануваат за да прејдете на следносто ниво.
• Линкови до делот во бек-офисот каде што треба да извршите одредена активност или да добиете информации — за секој чекор!
• Помош за поставување цели: веднаш можете да процените кое ниво Ви е потребно и каде сакате да запрете. А веројатно нема ни да сакате да запрете!
• Јасност и транспарентност на Вашите активности — гледате зошто правите одреден чекор и каде ќе Ве води тој.
Може да ја преземете листата за проверка овде. Достапна е и во делот „База на знаење“, заедно со одговорот на прашањето за главните активности на партнерот.
Користете ги советите, редовно погледнувајте ја листата за проверка, следете ги своите активности и дајте си пофалба за секој направен чекор. Вашиот успех е загарантиран!