Благодарение на SOLARGROUP, не се плашам од иднината | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Pacifique Iragi
Се викам Pacifique Iragi. Живеам во Букаву (Демократска Република Конго).
Завршив факултет за рурален развој. Некое време се занимавав со мрежен маркетинг во компанија која произведуваше додатоци во исхраната. Така заработував помалку од 200 $ месечно. Со тие пари едвај можев да ја платам станарината и да ги прехранам децата. Сакав моето мало семејство да води подостоинствен живот.
Во март 2019 год., дознав за SOLARGROUP откако ми падна во очи една информација на каналот на лидерот Alain Bonfils од Камерун. Во септември потпишав договор за партнерство.
Гледав на SOLARGROUP како на можност да ги остварам моите соништа — имав чувство како оваа компанија да e создадена токму за мене. Благодарение на SOLARGROUP, повеќе не се плашам од иднината. Мојата иднина е во сигурни раце.
Се запознав со Alain Bonfils, Жил Вебер, Lissa Tirogo и со други добри луѓе кои навистина ме поттикнаа да продолжам со партнерските активности.
Кога го потпишав договорот за партнерство, најмногу од сѐ ми се допадна транспарентноста на проектот „Моторите на Дујунов“. Во тоа време, мојата финансиска состојба не беше баш добра. Но, неколку месеци подоцна, кога започна пандемијата на COVID-19, бев мотивиран повеќе да се фокусирам на моите партнерски активности. Им кажав за SOLARGROUP и на многу пријатели кои останаа без работа поради пандемијата. Од тој момент, мојата партнерска структура почна да расте. Не наидов на разбирање од сите мои пријатели, но на крајот и тие тргнаа по моите стапки бидејќи во тоа време немаа никаква работа.
Тогаш имав само една цел — да стекнам приход со кој ќе можам да купам 1 милион удели во оваа компанија. За мене беше сон да поседувам милион удели во проектот.
Почнав да ги привлекувам сите мои стари пријатели на социјалните мрежи. Напорно работев од утро до вечер за да ја промовирам компанијата SOLARGROUP насекаде.
Во почетокот не беше лесно бидејќи многу луѓе сметаа дека сум измамник. За малку ќе паднев во очај. Сепак, сакав да го остварам мојот сон, и сфатив дека, за да постигнам резултати, мора смело да чекорам само напред.
Првите резултати ги постигнав во ноември 2019 год., кога го добив својот прв клиент. Тој купи инвестициски пакет на рати во вредност од 5.000 $. Тој ден бев многу возбуден! Стануваше збор за човек со кој лично не се знаев и кој штотуку го запознав на Интернет.
Во почетокот не ме интересираа партнерските статуси, но со текот на времето сфатив дека ако имаш повисок статус, имаш можност за поголема заработка. Тогаш почнав поактивно да работам со партнерите во мојата структура, и некаде во март 2020 год., стекнав статус „Специјалист“. Alain Bonfils, човекот кој ме покани во проектот, ми даваше секојдневна поддршка и ме поттикнуваше да преземам акција.
Честопати наидував на проблеми бидејќи во мојата земја има многу случаи на измами на Интернет. Понекогаш луѓето масовно одбиваа да учествуваат во овој проект. Освен тоа, моите сонародници сѐ уште немаат познавања од областа на поседување акции (инвестирање). И честопати не можат да разберат за што станува збор и покрај многу објаснувања.
Нешто што најмногу го ценам во бизнисот е чесноста. Овој принцип ми помогна да стигнам далеку. На мнозина што живеат надвор од мојот град им е потребна помош. Понекогаш дури ми испраќаат пари за да им помогнам да ги уплатат ратите, бидејќи секогаш го правам тоа на чесен начин.
Од почетокот на 2020 год., соработката со SOLARGROUP ми стана главен извор на приходи. Денес заработувам просечно 150-200 $ седмично, но би сакал да заработувам најмалку 500 $. Тоа е повеќе од доволно да ги уплаќам ратите и да ги покривам тековните домашни трошоци. Освен тоа, веќе го стекнав статусот „Експерт“, но имам желба да го постигнам и статусот „Професионалец“. Би сакал да им ја претставам оваа компанија на илјадници жители на Конго и да станам национален партнер во Демократска Република Конго.
Правам споредба меѓу SOLARGROUP и компаниите во кои работев претходно. Работите овде се сосема поинакви! Научив многу во SOLARGROUP, овде има тимска работа и во секој момент ни е достапна поддршка. И, најважно од сѐ, сите активности се апсолутно транспарентни.
Благодарение на партнерскиот бизнис, повеќе не се плашам да купам големи инвестициски пакети. Кога целосно ќе го исплатам мојот последен пакет, ќе поседувам неколку милиони удели, нешто што за мене претставува голем успех и извор на гордост. Всушност, користам над 85% од надоместокот за препорака за да ги отплаќам моите рати. Некогаш сонував да стекнам барем милион удели, а денес сум сопственик на неколку милиони. И сето тоа се должи на партнерските активности.
Благодарен сум им на моите ментори Alain Bonfils и Жил Вебер, како и на SOLARGROUP, за сите алатки што ми ги ставија на располагање за да стигнам до овој степен.
Се гордеам на мојот тим, на мојата структура и на целокупната тимска работа!