Андреј Лобов спроведе тестирање на електричен чамец на Охридското Езеро
Бистрите сини води на езерото привлекуваат туристи од цела Европа, а во текот на зимата овде пристигнуваат диви лебеди од Ладога. На Охридското Езеро, кое е едно од најчистите во Европа, му е потребна еколошка заштита — тоа е прогласено за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Езерото има свој уникатен екосистем — содржи околу 200 ендемски видови (растенија, риби и животни кои ги нема на ниедно друго место во светот).
Тоа се наоѓа на границата меѓу Северна Македонија и Албанија. Пред една година, на 12 ноември 2022, SOLARGROUP отвори свое национално претставништво во Северна Македонија, на чело со националниот партнер Васко Поповски. А токму во овој момент, Андреј Лобов, раководителот на производственото претпријатие „Ресурс“, се наоѓа во земјата со важна мисија.
Тој тестира чамци со мотори на Дујунов во единствени услови, во најчистите води на езерото, кое не замрзнува ниту во текот на зимата. Андреј Лобов истакна: „Од најголем интерес за нас се традиционалните охридски чамци од 6 и од 4 метри. Овие чамци се користат за превоз на туристите до живописни локации. Резултатите од спроведените тестирања ќе бидат објавени подоцна“.
Сепак, уште сега може да кажеме дека моторот за чамец DA-95S лесно може да се примени на традиционален македонски чамец.
Вториот дел од мисијата на Лобов се средби со партнери и со технички стручњаци, како и со претставници на локалните фирми и на државните институции. Во тек се деловни средби и дискусии со сопствениците на фирми кои покажаа интерес за обележјата и примената на технологијата „Славјанка“ за време на конференцијата што SOLARGROUP ја одржа во Северна Македонија пред една година. Сето ова беше можно да се реализира благодарение на поканата од Васко Поповски и од водечките македонски партнери.
Со нетрпение очекуваме добри вести од Андреј Лобов.