Анализа на пазарот за атмосферски сателити
Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Frontex објави извештај за пазарот на атмосферски сателити (HAPS). Станува збор за летала кои се испраќаат во стратосферата на височини од 18 до 50 километри.
Стратосферските цепелини спаѓаат во една од HAPS категориите, односно лесни LTA-платформи (lighter-than-air). Тие се наменети за просторот меѓу беспилотните летала и вселенските сателити. Една од главните функции на таквите уреди е далечинско истражување на земјата од воздухот.
Според проценките на стручњаците, до 2029 год. глобалниот приход од HAPS секторот ќе биде 742 милиони евра, со годишен пораст од 13% во однос на 2019 год. За споредба, обемот на пазарот за далечинско истражување на Земјата од вселената изнесува 4-5 милијарди евра, со годишна прогноза за пораст од 4-6%.
Стручњаците на Frontex сметаат дека пазарот за атмосферски сателити сѐ уште е далеку од заситен, и предвидуваат негов брз раст ако се направи чекор напред на полето на технологијата за создавање композитни материјали, ако се зголеми ефикасноста на соларните панели, и ако се развијат други технологии. Во тој случај, HAPS ќе може да им конкурира на сателитите во ниските орбити.
Русија поседува такви технологии, како и тим за да ги реализира. Една од целите на проектот „Цепелини од новата генерација“ е да создаде стратосферски летала со помош на иновативни технологии, и да стане лидер во просторот кој сѐ уште не е искористен. Придружете ни се!