Претворање во акции, пуштање на Бирото во работа и премин во фаза 19: за што се зборуваше на конференцијата на SOLARGROUP во Москва

Претворање во акции, пуштање на Бирото во работа и премин во фаза 19: за што се зборуваше на конференцијата на SOLARGROUP во Москва

На Меѓународната конференција на SOLARGROUP, која се одржа на 16 септември во Москва, беа изнесени многу важни информации за инвеститорите и партнерите. Накратко ќе кажеме нешто за нив, а сите детали за секоја поединечна тема ќе може да ги дознаете ако ја гледате снимката од преносот користејќи ги посебните временски кодови.

Претворање во акции

Константин Рожков, кој е стручњак за акционерство и корпорациски адвокат, беше гостувачки говорник на конференцијата. Тој објасни како ќе се одвива претворањето во акции и реорганизацијата на „Совелмаш“ во јавно акционерско друштво, и одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со акционирањето, излегувањето на берза (IPO) и заработувањето дивиденди. Подоцна ќе зборуваме подетално за овој сложен процес кој се состои од повеќе фази. Сега стручњаците се подготвуваат за покренување на опцијата за претворање во акции во бек-офисот; таа ќе почне да функционира во ноември оваа година.

Може да ја гледате презентацијата за претворање во акции на следниов линк.

Пуштање во работа на Бирото и производи дизајнирани од „Совелмаш“

Александар Сударев зборуваше за историјата и за напредокот на изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“, за функционирањето на новата лабораторија, за работата на патентите и за производите дизајнирани од компанијата. Освен тоа, тој објасни кои задачи мора да бидат довршени за да се приведе изградбата кон крај, како Бирото ќе биде пуштено во работа, како ќе се проценува активата и како ќе се одвива претворањето на компанијата во акционерско друштво.

Презентацијата на Александар Сударев за овие прашања е достапна овде.

Информации од потенцијални клиенти на „Совелмаш“

На конференцијата имаа презентации и претставници на компании од Индија кои се заинтересирани за соработка со „Совелмаш“.

Ashok Chabria, коосновач на компанијата Rap Eco Motors, зборуваше за производството на електрични трицикли кои ќе се испорачуваат низ целиот свет.

Niranjan Singhvi, заменик претседател на раководството на LHP Motors, зборуваше за ова претпријатие кое дизајнира и произведува разни типови електромотори.

Најава на нов проект

Генералниот директор на SOLARGROUP, Сергеј Семјонов, најави дека се планира изградба на фабрика во која ќе се произведуваат електромотори засновани на „Славјанка“ на територијата на посебната економска зона „Технополис Москва“. Тоа ќе биде целта на новиот проект, но инвеститорите во сегашниов проект ќе добијат свој удел од профитот кој ќе се заработи од активностите на новото претпријатие.

Беа најавени и планови за производство на аголни брусилки на територијата на Бирото, бидејќи компанијата не е задоволна од соработката со кинеското претпријатие.

Соопштението на Сергеј Семјонов за новите проекти е достапно овде.

И Александар Сударев зборуваше за идните проекти на „Совелмаш“.

Финансиски резултати

Павел Шадскиј зборуваше за резултатите од финансирањето кои беа постигнати во изминатата година, односно од одржувањето на конференцијата во 2022 год. Тој извести дека беа постигнати рекордни бројки во износот на привлечени инвестиции, како и во бројот на инвеститори и во обемот на инвестирање во секоја земја. Секој од националните партнери кои присуствуваа на конференцијата детално зборуваше за резултатите од работата во својата земја.

Презентацијата на Павел Шадскиј може да ја гледате на следниов линк.

Превозни средства засновани на „Славјанка“ во светот

На конференцијата одржа презентација и Андреј Лобов, раководител на производственото претпријатие „Ресурс“. Тој зборуваше за своите патувања во разни земји, во кои имал прилика да ги претстави превозните средства засновани на технологијата „Славјанка“. За напредокот и за перспективите од неговите настојувања, може да дознете нешто повеќе на следниов линк.

Премин во фаза 19 и продолжување на промоцијата „Ви благодариме“

Павел Филипов, раководител на одделот за реклами и односи со јавност на SOLARGROUP, најави дека проектот ќе влезе во 19. фаза на финансирање оваа есен и дека промоцијата „Ви благодариме“ ќе биде продолжена заклучно до 30 септември.

Повеќе информации има на следниов линк.

Освен тоа, Павел Филипов го најави и покренувањето на нова лотарија на 1 октомври во која ќе биде можно да се освои електричен автомобил.

Следете ги нашите новости за да дознаете нешто повеќе за темите кои беа разгледани на конференцијата!

ДРУГИ НОВОСТИ