3 начини на заштеда | Основни принципи на деловното работење
Најверојатно имате. Колку време ќе си дадете за да ја постигнете? Изберете некој од докажаните начини на заштеда, и Вашиот личен предизвик ќе Ве води до успех. Сѐ што се бара од Вас е самодисциплина!
Прв начин на заштеда: бавно
Запишете ги Вашите трошоци на два различни списока. На првиот список ставете ги задолжителните трошоци, а на вториот сите останати трошоци. Во првиот месец на предизвикот, не трошете пари на ниту една работа од вториот список. Дозволете си да потрошите нешто на тие работи секој втор или трет месец. За најрешителните: не погледнувајте го вториот список цела година (нема да биде лесно). Тајната е во тоа што, по некое време, веќе нема да имате потреба да трошите пари на работите од вториот список.
Втор начин на заштеда: за една година
Почнете со минимален износ. Ставете нешто настрана првата седмица од предизвикот. Втората седмица, заштедете го истиот износ и уште толку. И така секоја седмица. Да наведеме пример. Започнете со 1 $, и секоја седмица штедете плус 1 $. Во годината има 52 седмици. До крајот на годината ќе имате заштедено околу 908 $. Може да го зголемите или да го намалите рокот или износот.
Трет начин на заштеда: брза
Партнерска програма на SOLARGROUP. Започнете со маркетинг планот. Потоа проучете ги алатките за партнерите. Сѐ Ви е спремно и на дофат во бек-офисот, а во делот „Обука“ објаснето е кои чекори треба да ги преземете. Може да го штедите надоместокот за препорака и да ги подигнете овие средства кога сакате. Или може повторно да ги инвестирате во проектот ако тоа е Ваша финансиска цел.
Овие начини на заштеда им помогнале на мнозина, и станале популарни бидејќи станува збор за кратко време и за мали количини. Човек може да си постави и поголема цел — неколку години да си скрати сѐ. Но, тоа најверојатно нема да го направи среќен. Обично целите се менуваат со текот на времето. Главен услов за ефикасност: што појасно дефинирајте ја Вашата цел уште од самиот почеток. Кога точно знаете од која причина штедите, побрзо ќе постигнете успех во тоа.