3 „нелогични“ деловни правила | Работна методологија на партнерите
Речиси сите деловни идеи со ефикасна стратегија за заработка се едноставни! Постојат најмалку три правила што функционираат беспрекорно на секое поле.
• Правило на залудна конкуренција
Долго време се сметаше дека здравата конкренција е двигател на економијата. Сѐ до моментот кога на светот му беше претставен концептот на деловни екосистеми. Сега стручњаците препорачуваат воопшто да не се натпреварувате со никого, бидејќи конкуренцијата носи предности само кратко време. Принципот на соработка е постабилен. За чудо, животот станува попријатен и полесен кога не се натпреварувате со никого. Не споредувајте се со други парнери - вие сте вон конкуренција!
• Феноменот хормеза
Од иста активност може да имате корист или штета, во зависност од нејзиниот интензитет. На пример, утринското трчање може да биде добро за телото, но не е добро да трчате цел ден. Истото важи и за интензитетот на работата: колку е пократок работниот ден, толку вработените се поефикасни и поспремно ги извршуваат своите задачи. Одредете си ја Вашата граница, и не обидувајте се да ја пречекорите. На тој начин има поголема шанса да бидете задоволни со своите достигнувања.
• Избор на маса
Ова правило влегло во бизнисот од покерот. Тоа гласи вака: ако сакате да победите, изберете едноставна маса. Не мора да бидете најдобри во правењето на тешки работи. Тајната на работната стратетигија е да научите како успешно да ги избегнете тешкотиите. Понекогаш животот може да се подобри не така што ќе купите нешто додатно, туку така што ќе се одречете од она што не Ви е потребно. Ова функционира дури и кога избирате што ќе јадете: не е важно она што стои на масата туку она што го нема на неа.
Дали сте забележале дека тешките прашања најчесто се игнорираат? За некои безначајни ситници, како што е бојата на чорапите, се води страствена дискусија - и ова важи за сите полиња каде што луѓето активно комуницираат. Колку е поедноставна стратегијата на заработка, полесно е да се „поправи“ ако нешто не оди како што треба. Ако постапката на работење е едноставна, може полесно да им се објасни на другите членови од тимот.
Во партнерскиот бизнис на SOLARGROUP се работи на многу едноставен начин. Разгледајте ја „Работната методологија на партнерите“ во бек-офисот, каде што ќе најдете едноставна и ефикасна стратегија на заработка токму за Вас.